токму (прил.) - сака (гл.)

Според моето мислење, сѐ се „изведува“ од искуството (на живото, секојдневното, безопасното или промисленото, секогаш насочено кон невозможното), така што ми останува да настојувам да пишувам на начин при кој јазикот на другата личност да не трпи поради мојот, да ме поднесува без страдање, да го прими гостољубието на мојот јазик не губејќи се и не поистоветувајќи се со него.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да се послужам со вашиот израз, она што токму сакам да го истакнам „се изведува“ (притоа никогаш не извлекувајќи се!) од тоа искуство, поточно оттаму кадешто тоа се преклопува, каде што се преклопуваат работата и единственоста, универзалноста и преференцијата кон единственост од која не би требале да се откажеме, дури тоа одрекување би било неморално.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Го бутуриса овега од вилата и уште повеќе разјарен, продолжи да шиба со вилата во копата, и оттаму, од сламата, наденат на вилата, извади и друг запија, го крена високо и токму сакаше да го акне од земја, го покоси еден куршум, истрелан од пондилата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И токму сакаше да се тргне од прозорецот и да се привлече до топлата печка, кога на трендафилот што беше веднаш под прозорецот слета едно врапче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ја спушти едната нога на подот и токму сакаше да пречекори со другата, нешто крцна во претсобјето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Го тргна поклопецот од дувлото и токму сакаше да зачекори во него нешто го пресече.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Токму сакав да ја прашам дали татко ми не се решил да се ожени со учителката Вера, тетка Рајна ми рече: - Зарем не би можела да ја сакаш, или барем да се навикнеш на некоја жена како што е учителката Вера?
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
На друго место барајте го, овде го нема! и токму сака да стави шеј што ѝ го подаваат врз купот, кога купот почнува да се лула и да се поткрева.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И токму сака да се провери ако ништо друго дали барем е тука благата жена која сигурно знае веќе колку пати поминувале од тука, кога ќе ја стресе еден пријатен, мил глас Ќерко мори златна со денови сноваш по уличкава, нема неделен ден а ти да не поминеш, што мака ти тежи, каква болка ти се свила во срцето та што ти го подгорела тоа убаво лице?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Така тој ја пропатува едната половина од овој широк свет – доволно му е кога е дете! – токму сакаше да појде и понатаму, туку шоферот го донесе дебелото црево и – почна да го мие извалканиот камион.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)