тогаш (прил.) - ми (зам.)

Тогаш ми идеше и мене да ги фрлам чевлите и да ја решам просто сета работа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тогаш ми дадоа една германска книга со наслов Die Wahrheit ueber Bulgarien. Јас замолив да ми ја дадат да ја прочитам дома.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Го шмукав јазичето со мирис на ркулец заглезден во влажна почва и со киселкаст вкус на штотуку зазреана мушмула, чувствувајќи ги на образите усните со кои на горниот и долниот дел во една колку вистинска толку замислена точка, се спојуваа нозете на Ема, и тогаш ми се чинеше дека тие усни, кои никогаш не кажале ништо, ниту ќе кажат некогаш нешто, а толку многу знаат да кажат, и толку многу сакаш да ги чуеш барем еднаш да проговорат, без оглед дали ќе те фалат или ќе те кудат, ме подземаа со слузта што благо ме облеваше внесувајќи ме навнатре со сѐ позабележливото поткревање на телото што лежеше под мене, со можеби инстинктивното поткревање нагоре, и повторното спуштање, во ритам што беше дел од нашата игра, од нашиот живот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тогаш ми била понудена „последната шанса“ за спас, ама јас сум ја прокоцкал и не сум се покажал достоен за нивното „фер однесување“!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ти тогаш ми рече дека ти се слошило и не си можел да нѐ следиш, а беше седнат на столицата на самиот крај од платформата до езерото.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кога Јован стигна со копачот на рамо, оној истиот Јован кого го сретнав пред два месеца на гробиштата и кој тогаш ми се понуди за работа, сонцето веќе беше високо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тогаш ми кажа и во врска барањето од луѓето со кои разговарал да биде кандидат за пратеник, но тој не рекол ништо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
РЕВШИН: А јас паметам како покојната Маргарита Семјоновна Хофман мене тогаш ми соопшти. Го ошумоглавила.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Само, ако ми донесат лонче чај и коцка шеќер, само тогаш ми се врзува душата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш ми кажа дека утредента ќе дојдел човекот кој бил сведок на погибијата од нејзиниот девер, а помал брат на дедо Петре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Прикаски“, воздивна. „Секакви прикаски му ги пијат дробовите на човека и му го копаат гробот. Се раѓаш да буташ некого кон гроб додека друг и тебе те бута зад грб.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш ми раскажа, иако јас сето тоа го знаев поинаку, онака како што го раскажуваа денгубите старци во Кукулино, не ќе си ја смират ли душата со туѓи гревови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За тоа време, додека се седеше и се вревеше заедно, јас сепак забележав како тие тројца одвреме навреме си праќаат ишарети, додека вториот помошник пак не стана божем по мала нужда, а се задржа трипати по три големи нужди, и мене тогаш ми стана јасно дека тој ни ги враќа украдените пљачки од нивниот шлепер во нашта кола и пцува мал да си најмал да не си и да не работиш залудни работи што не ги работат постарите, кои не прават дупки во вода туку си пијат вино, зашто чаушот нивни заради шише вино си ја продаде душата и помисли дека овие клатикуровци се од наша фела, па ај да не им земаме работи што не им требаат ами да се провеселиме на нивна сметка, и до зори ако ни заоди.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тогаш ми текна нешто. Можам да пробам да пишувам на неговиот компјутер.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Камбо тогаш ми рече: Миле, ќе кажам дека јас ја прекинав колоната, јас сум Циган и не е штета што ќе загинам, а ти си убаво девојче и ако загинеш цел баталјон ќе плаче, а кога ќе чујат во селото и тие ќе се расплачат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тогаш ми се стори дека слободата е најголема во сонот и дека најмногу се исплатува да се бориш за сонот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дури тогаш ми олесна. Како да ми се тргна нешто што ми газеше на душава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш ми текна дека човекот вистина не зборува ни бугарски, ни германски. - Многу си ми познат по зборот и по гласот, вели, имав еден брат исто зборуваше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)