тивко (прил.) - им (зам.)

Не потраја долго, по патот, којшто води од Струмица за селото Василево, се крена облак од прав.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тој им мрдна со главата и тивко им рече: - Почекајте уште малку!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Авни им се доближи на жените од Прифатниот центар и тивко им рече да влезат во комбето и таму да го причекаат.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Трајко се затресе и се опули кон огништето и тивко им рече на домашните: — Бегот, деца, бегот тропа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Долго време тивко им шепотеше на своите книги раскажувајќи им ја ненадејната средба со Татковите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И не ретко, таа, кога била сама, во неизвесни и тешки времиња за семејството во егзил, тивко им говорела на светите книги, им поставувала прашања!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сега единствено ноќта се движеше во душите на двајцата луѓе привиени над нивниот осамен оган во дивината; мракот молкум се вовлекуваше во нивните жили и тивко им баботеше во слепоочниците и зглавките од рацете.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)