тивко (прил.) - го (зам.)

Мајка ми тивко го молеше да запре, не се оди со глава в ѕид!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Најстариот брат тивко го прекоруваше кога почна да доаѓа дома доцна, особено кога му најде пакета цигари, од стоката за продажба во книжарницата на татко ми.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го сретна Јаков пред домашната капија, вцрвен во лицето и нервозен, како излегува од дома.  „Каде?” - тивко го праша.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Петел тивко го расклопи и го спакува својот снајпер.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Зборот што најмногу го очекувавме, Татко тивко го изговори: - Остануваме! Остануваме! Силно одекнуваше во нашите души.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мишко отиде до креденецот, срона малку леб во раката, пак се доближи до прозорецот и тивко го отвори.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Најнапред тивки, нежни тонови полека ме успиваа, а потоа стануваа се посилни и посилни и ме будеа во ноќите и многу силно го посакував и тивко го изговарав неговото име Оливие...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Навечер пред да заспијам тивко го довикував неговото име и со нетрпение го чекав следното одење во селското кино.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Набрзина зедовме цел преграб, тивко го отворивме вратичето од плевната и откако добро се покривме со сено, се вдадовме во јадење праз.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Трагичното се состои во самото доживување на животот како бесмислен, а не во начинот на кој се искажува тоа доживување.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Има луѓе кои мирно и тивко го доживуваат постоењето како трагично.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Според ова, кај нас и во наши услови, секој секого кодоши и секој од секого е накодошен,“ тивко го надополни тој до него.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Според ова, кај нас и во наши услови, секој секого ебава и секој од секого е ебан,“ тивко го надополни тој до него.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Марија, - тивко го изговори своето име и брзо си ја повлече раката.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тивко, тивко го расвести и бргу го поведе кои своите српски окопи, каде што веќе другарите беа се загрижиле за него, ота и зората наближуваше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Откако тивко го затвори прозорецот, Мајка невидено се искраде од собата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Што е ова? - тивко го праша Трајче Горјана за сивото сандаче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Патникот тивко го навлекува капутот и уште потивко ја отвора и затвара вратата на хотелската соба. ***
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таму се сретнавме во зимата `84.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Мајка му на Дино тивко го испушти здивот и погледна триумфално во чинијата, а Дино продолжи да џвака.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ништо, ништо, гладна била Маци, ама и лута, - рече мајката со бебешки тон, постојано насмеано гледајќи ја мачката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Запрашаниот се сврте кон својот другар, тивко го праша: - Ара, како се вика ова село? - Крчишта - одговори тој со пригушен глас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој се врати во својата земјанка, од офицерската чанта извади испишана хартија И тивко го чита упатството: „До командантите, партиските секретари и политичките комесари на одреди.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И сите грдо и наместено се смешкаат и тивко го влечкаат својот очај зад себе.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Дедо, - тивко го прашав, - зошто му е окото врзано?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)