тешко (прил.) - кој (зам.)

Братск не е многу далеку од Омск, каде што, нели, претстојувал другарот Тито кога џишнувал Сибир и тука, во Братск, саде за братски делби зборат, брат брата не ранел ама тешко кој го немал, луѓето во Братск многу се слични на едни Балканци во изумирање кои само за братство и единство и за други свечени песни од старата татковина кога ќе се напијат си ги кинат грлата – Републико мајко наша, од Вардара па до Триглава... Демек!
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
„Брат брата не рани, тешко кој го нема“, — вели народната пословица. Така и Сукаловци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ристаќи се појавува на балконот и точно кога Илија се издвојува од другарите стрела на него и го погаѓа тешко кој се срушува со зборовите: ИЛИЈА: Оф, Антице, ме отепа тоа куче, вујко ти!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)