тврдоглаво (прил.) - го (зам.)

Гледаш, еве ми го нокотот. А автенцето - каде ти е?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Широките подискинати карти, распослани врз училишните табли, тврдоглаво го поврзуваа со зборот непристапност – небаре големите предградија сакаат да го заштитат од туѓинци и потем исползуваат за некое мрачно нечествие од типот на баба чиј остарен син, поради неа, воглавно, останува сам...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Постојано се жалеше на старите. Божем тие му ги одзеле одот а не лошата болест!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- И не рековме туку реков - тврдоглаво го исправав, како кога го исправавме чичко Кољо за да му земе мерка кројачот Панде за нови панталони.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Се сомневаш? Еве, ќе видиш - уште малку и готово.“ Тврдоглаво го убедував. „Уште тркалата да ги прицврстиме.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Бараш утеха во подвижните прегратки, ш’шкавите симулации, брановидните форми, кадите и леѓените. перничињата на прстите се набираат, твоите се лутат, сонцето пече, но ти тврдоглаво го протнуваш телото низ гумениот обрач, и се фрлаш во базенот, ја потврдуваш акватската теорија: кожата ти е мазна ко на делфин, под кожата имаш сало и си се родил обвиткан во Vernix caseosa, поблиски ти се морските цицачи отколку некаков влакнест, копнен мајмун.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Кој знае дали ќе го направиме!?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)