тврдо (прил.) - легло (имн.)

Ги имаше урнатините на цел еден свет во себе, со едно проклето чувство за својата бессилност за спротивставување, со еден впечаток за себе, како сега во времето додека беше буден, да се загубиле од него сите маѓии за животот, кои му ги правеле онака негови и онака вистински сите дотогашни негови денови, и чиниш сега, тука, на тоа тврдо легло, да почнала да никне на неговите рамена, по неговото лице, во неговиот поглед, една тешка тупа муцка на коњ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега беше буден. Лежеше, буден, врз своето тврдо легло, а во собичката стоеше истиот оној ден, што го виде неговиот пораз.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И додека размислуваше на тоа, додека се труеше од тие мисли, што го печеа по неговата внатрешност, Змејко можеше само да се превиткува како ремен, издолжен на тоа тврдо легло.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не, си рече сега Змејко. Се превиткуваше како ремен на тврдото легло.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)