таму (прил.) - надвор (прил.)

А таму надвор беше вечната зима — голема, тешка винска преса што го смачкува безбојниот покрив на небото, го смачкува како грозје, цедејќи боја и смисла и сушност од секого и ги варди децата што на скии и санки полетуваат преку стаклестите брда кои го одразуваат тешкиот железен штит надвиснат над градот, секој ден и секоја ноќ.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ова се засновува на замислата дека постои некаква реалност таму надвор, која треба да се претстави.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Лазор погледнува спрема пругоре спрема гредите, како да сака низ ќерамидите да види што се случува таму надвор, или како да сака да го види господа сокриен зад ќерамидите и на небесата и да го праша кои му се намерите за ноќеска.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ја ставам храна таму надвор, и она јаде и седи таму.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Фактите за нашето (наизглед) безначајно место во галактичкиот танц се толку навредувачки за контролирачките фрикови кои се обидуваат (така мажевно и ревносно и сериозно) да раководат со Хаосот што забрануваат секаков интелигентен обид да се погледне таму надвор и да се согледа славната комплексност.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во еден момент, средствата што ја менуваат свесноста како што се микроскопот и телескопот беа криминализирани од истите причини заради кои подоцна се забрануваат психоделичните растенија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
1. Во традиционалното Западно мислење, на јазикот се гледа како на некој начин да ја претставува реалноста.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)