таму (прил.) - далеку (прил.)

Убави, милите лисичиња зелени, мили, мили милиии!“ — се разговараше Нешка, се разговараа две китки која од која поросни, помлади, поцрвени, поубави, а мислите на Нешка ѝ беа таму далеку во планината, во Зелка, во Ѓурѓишта, во Ѓурѓовиот камен, Козјак, Трибор, Перун, негде, негде во Рожденската или Книнската планина, каде што он, тој мочко нејзин, бере дрва со магарињата и нови, нови, стопати поубави китки ќе и донесе нејзе да ја израдува, оти преку нив таа го имаше и го чувуваше самиот него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка како мајка: во мислите ги пребројува облаците таму далеку, над Карловиот мост во Прага и мигум ја збира цела Влтава во мајчина солза.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Стоиме на брегот на океанот и молчешкум запињаме погледите да ни се вкрстат таму далеку во родниот крај баш во домот на третиот ни брат.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
А кој беше за Љуб Куле, Ада Кале, Диар Бекир, Ерзерум, Измир и други казнени заводи, им сочувствуваше и просто ги жалеше дека не ќе можат „ѓене да бујрумат" кај него додека се таму далеку.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таму далеку тие се претураат и се преливаат, ниско виснат над планините.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ѕвезден вез. Ситено писмо, чиј ракопис умее да го одгатне само огнот на првото ходочастие, таму далеку, чиниш – во древности...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
И ме разоткри, а кога притрчаа и другите две девојки за да побараат дозвола за сладолед, на овие од „пекарата“ им преседна муабетот, а беа и посрамени затоа што го препознаа јазикот на кој разговарав со децата и им беше јасно дека Германката - јас, сè ги разбрала, и дека оној најдобриот меѓу нив во одредени активности залудно си се проектирал некаде таму далеку со неа во Дизелдорф.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кознае што право таму далеку од мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нема кој да води сметка за него, нема кој да го покрива ако неочекувано заспие, како што тоа понекогаш му се случува, да чита, да чита во кревет и да заспие.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Лелеци четворни - за сосечените таму далеку на Беласица, за ослепените, за неживите и живите во селото, за попленетите млади невести, моми, момички и дечиња!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Сите илјади и уште триста илјади играчки, што врвулат таму далеку зад нив, поклонувајќи се, канеа со насолзени очи: - Еве сум, земи ме, колку сакаш, играј ме....
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Ја пулиш таа планина таму далеку? – здишено рече братучедот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Прости, се замислив за нешто што останало таму далеку.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)