таму (прил.) - горе (прил.)

2. Таму горе на небото зора руди, земја буди, ден морави шири крила и алова точи свила, таму зора црвенее - мое срце ми црнее.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Таму горе, во ровот... - зборува тој мачно и испрекинато и капе та капе под него крв - во бункерот, мене, кого го нарекоа херој, стравот, ужасот секогаш беа до мене,..
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сака да стигне таму горе, многу високо.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сигурно е тешко довлекувањето материјал до таму горе, си велев, ама по сѐ изгледа тој се нафаќа и на друга работа долу во Црноеч, знаејќи дека оваа не му бега.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Беа богати бели партали јужен снег и којзнае како сѐ уште не се свршува таму горе и еднаш да преврнат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не забораваше исто така да напомене дека голем бил бројот на оние што го почитуваат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Главно зборуваше за својата голема тага, за тоа како ја будат среде сон гласовите на несреќата; го проколнуваше оној „кој му ја фрли смртта в прегратка“; но како што минуваше времето не забораваше да забележи дека нејзин Ролан таму горе сигурно е задоволен бидејќи на неговата могила секој ден осамнува свежо цвеќе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сево ова таму горе беше сврзано со трули јажиња.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ние сите наглас ќе ги раскажуваме нашите истории и веќе од ништо не се срамиме. Јас сум, знаете, стрвник.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тоа е како да живееш на висока карпа и да бидеш среќен, таму горе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Одвреме-навреме Кора Финч го слушаше својот маж како мрмори нешто, таму горе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Така искапен, повторно се сети на песната, за тркалата и судбината и милоста божја, на патот таму горе сред небото, каде една ѕвезда меѓу милион други, неподвижни ѕвезди се осмелуваше да се движи и да истрае во движењето. Потоа престана со косењето на тревата. 28
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)