таму (прил.) - веднаш (прил.)

Сани го чувствува бебето во своите раце, колку е тешко и како лесно би можело да ⥊ се лизне и да падне преку шипката во затревената пештера.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На аеродромот во Атина тој немаше време да стане свесен за својот замор зашто таму веднаш го сретна некој Јани кој, бидејќи значително помлад, а веројатно и доволно љубезен, му го подзеде малиот куфер и се пикнаа во некаква негова кола.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој стариот лав таму веднаш ќе те изеде.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
По тоа колку се распознаваа стапалките Змејко сега лесно можеше да погоди дека самјакот беше поминат тука неодамна, најмногу пред два часа, додека се зазорувало и додека се ронеле ретките снежинки; тоа можеше да се види добро во оној лесен слој наврнат снег во стапалките, и по сета изоставена ира од обете страни по снегот, поминувајќи по кој оној таму веднаш и се капел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А уште повеќе, ја одвел таму веднаш по она што се случи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Никогаш не би можела да го извлече од таму.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А таму веднаш се појавуваа некои луѓе во непознати униформи, грижливо ги покриваа со ќебиња, ги легнуваа на носилки и ги товареа во санитетските коли кои веднаш заминуваа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)