таму (прил.) - ни (зам.)

И кон кај што одат доктурите и сестрите, таму ни одат и очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таму ни беше седиштето на 41. дивизија. Командант ни беше Мајката од Прилеп, а комесар Драган Тозија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Вели: „Сиромавиот никаде нема роднини“ , велеше Лазор Ночески и стана што стана на бродот, а бродот не го пуштаат одоздола, од кај нас, имало војски, имало војни, а таму ни рекоа дека сѐ е ослободено, сега мораме да вртиме околнаокол, откај Црно Море, откај Бугарија, прпа, прпа, допаткавме до Бугарија,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бевме во една богата куќа, можеби бевме преку педесет партизани, имаше јадење, игравме, пукавме со шмајзерите и пушките, и на тој начин се радувавме. Сите бевме млади.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)