таму (прил.) - им (зам.)

Дури и алишта за преслекување таму им носеше Стојо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таму им беа нивните Библиски гори во кои наизуст ја учеа песната на Суламка: изнемоштувам од љубов, возљубен мој, трчај скокајќи преку ридови и гори и дојди, положи ме како печат на срцето твое за да доизгорам...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
А ти можеш да појдеш на бањање еден блок подолу од капелата, таму им се спалните.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Убави, ама, ете, таму им нашле мана!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Кај што им гледа окото, што се вели, таму им оди и куршумот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И дури таму им ги видов лицата на луѓето со мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одат и Егејците, не велам не! Ама нив, нели од таму им е потеклото!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Додека работевте кај Форд, дали имавте впечаток дека начинот на живот кој таму им беше наметнат на работниците може да ги засили менталните пореметувања? О, никако. Не.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сигурно таму им е поубаво одошто кога се со нас и веќе заборавиел дека имаат деца?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во Бурели ги уапсија и ги пратија во Москва. Таму им пресудија и ги пратија во Сибир.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Лево врата. Изгледа таму им е кујната.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сакаше Русија да им дади, ама Портата во Цариград прати свои луѓе по европските царштини и таму им потшепнаа што значи Русија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Притоките на опулот му довстасуваат и до Езерото над кое старото небо добива нов сјај.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Охридскиот сакеларија Стефан таму им се радува на светулките кои ги галат сновиденијата на мајчин јазик пред да се слеат во изгрејсонцата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)