така (прил.) - изгледа (гл.)

Се чинеше коњот и неговиот јавач се едно суштество што одвреме-навреме се раздвојува, па секоја од двете засебни единки тргнува по некој свој однапред одреден пат, но веќе во следниот момент двеве разделени единки повторно се слеваа во една нова поцврста целина, која, барем така изгледаше, ништо повеќе не може да ја раздвои.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но тоа само така изгледаше: бездомниците уште повеќе се чувствуваа во градот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Така изгледа сега од оваа временска дистанца, по толку години навраќање.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Беше без колкови, или барем така изгледаше, бедрата и нозете под здолницата ѝ излегуваа како стрели од половината.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И сѐ си тргна нормално и в ред. Но тоа само така изгледаше. . .
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Луис беше вон себе од бес: „Мислам, еби го, тоа е вистински вестерн. Дивиот Запад навистина така изгледал“.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)