сѐ (прил.) - исто (прил.)

Командантите вршат проверка и сѐ исто велат и повторуваат: - Кој не копа длабок ров, тој брзо ќе си најде гроб...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сѐ исто му беше на дедот поп: крштење, венчање па и умирање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мара нешто сокрива мајка ѝ в соба штом влезе Кога е сама - на златна покривка Мара сѐ исто везе.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Од прозорецот секогаш сѐ исто се гледа: пругата што завива зад ридот, куќичката на скретничарот и големата топола пред неа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Јас постојано сѐ исто прашувам, а Билјана секогаш исто ми одговара: - За малку ќе добиев петка, ама не добив.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Како да носел секој ден сѐ исто, едни пантолони и една кошула, и еден џемпер и виндјакна зиме, а сега ги немаше, ги скрил или ги фрлил.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Јас како си поминав! – свикувам и чувствувам дека ми надоаѓа лутина, ама се воздржувам за да не го расипам „дружењето“. – Што имам јас да си поминувам, знаеш како е, во школо, од школо дома, учење, малку телевизија, малку со другарките, легнување, пак станување, па во школо и сѐ така, сѐ исто.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)