сѐ (прил.) - нов (прид.)

Тече од векот вековит и нова и сѐ понова, тече, а тука маките сѐ стари и сѐ постари.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Каде биле до сега не знам, ама ми се чини дека никогаш не сум ги имала, туку дека сега почнаа да се појавуваат за мој инает, а за радост на огледалото.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Улиците се отвораа пред него како сѐ нови и сѐ попусти суводолици, и сите автобуси на Градското автобуско претпријатие ги затвораа своите гумирани врати пред него.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
За бенките, пак, да не зборувам. Секој ден откривам сѐ нови и нови бенки на моето лице и тело.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Зашто, од своја страна, колку и да се чинеше на старата забавно, врткањето в град за стариот железничар беше сѐ ново и поново разочарување. Маргина 34 39
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
А на секоја страница сѐ нова слика а и друго е напишано под неа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)