сѐ (прил.) - по (предл.)

И така си оставаа „зад врата“. Но тоа ништо не им пречеше на Сукаловци и тие си одеа, си работеа, си печалеа и си имаа од сѐ по малку.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И за час, сѐ по ред во Потковицата, и христијанско и турско, беше превртено тумбе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Секоја вечер На Милан Ѓурчинов Секоја вечер излегувам на прошетка и сѐ сам и сѐ по иста патека и сѐ без посебна намисла и порив.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Патот нѐ водеше сѐ по текот на реката Урт и можеби затоа што овде речиси секогаш дните се врнежливи, природата беше многу раскошна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А итрата лисица сѐ по неговите траги газела. Е чекај, ќе видиме, итрице!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Да знаеш, има само една година, а како фурија руши сѐ по станот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да им кажеме како што сме научиле од Светото писмо, и дека сѐ по ред и сѐ иде од Бога, а не од друг некој.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Не просаскав како змија, туку крикнав, гласно рикнав од што занеме сѐ по полето: и жегалците, и пилците, и ветрот од дрвјето, и жегата во воздухот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ама, не се давам јас од прва... не готвам, цуциња, веќе, а и кога готвев, маф се правеше сѐ по чиниите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Го стави писменцето в џеб, се сврте, па како со остен да го боцка некој, протрча покрај колибата, и продолжи да трча по патот, сѐ по свежите траги останати од тркалата на џипот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дедо попот чита од Евангелието, сѐ по ред запишано од Апостол Марко - како што се случило на тој Ден - ВЕЛИПЕТОК - мачни страдања на Богочовекот... молитвени зборови од СИНА до ТАТКОТО - ОЧЕ, ПРОСТИ ИМ ОТИ НЕ ЗНААТ ШТО ПРАВАТ...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Гого ги протри очите неколку пати, да не е само да му се привидело, од пусти желби и немирни сништа, но таму сетики стоеше неговото име, името на татко му и семејното презиме, што си го носеа по името на селото сѐ по удолницата од сртовите, по суводолицата на скрките.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Та кога слеговме со татко ми од Карабуниште до Солун, сѐ по патот и стадата на Куцовласите, со ниет да спечалиме нешто по светот, место да се качиме за Босфор или како што се викаа Дарданели, ние сме се качиле за Гибралтар.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„О, госпоѓата на нашиот Генерал дошла да нѐ посети“, вели тој откако ја забележа Трајчеица и некако загадочно се осмевнува, како да ја насетува миризбата на разговорот што до предмалку шеташе помеѓу нас двете, а потоа пријде, се поздрави; Што има ново кај вас, прашува, ну, как паживаете, как здаровје, жизн, постапува сѐ по моите упатствата, како оној зет кога требало да ги посети тестот и бабата во другото село па жената го подучила како да се однесува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Вечерва ќе си ја стоплат душата покрај пламенот од илузии а потем сѐ по старо: полни очи - празни раце, студенило во домот, мразалник во душите - нивните надежи пеплосале под кладите од огревно дрво, станале гареж што им се гнезди и во сонот и во јавето.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Но, да започнам сѐ по ред. Кога ти ни замина од големото семејство, ни остана тоа како тело без ум.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Си влегоа дома, си седнаа и таткото сѐ по ред ѝ раскажа на Билјана за детето што се викаше Цане и што сакаше да го купи автобусот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Јас пак сѐ по некои планини се качувам, вели, Мисајлејца Прпушоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)