субјективно (прил.) - го (зам.)

Од тоа не излегува дека човек со својата логика може да го создава движењето на логичките категории на „апсолутниот дух“, туку дека човечкиот разум, како една од појавите на „светскиот разум“ субјективно го открива „објективизираниот“ „апсолутен дух“ во природата или општеството.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Гледачот се наоѓа во затемнета соба која служи за проекција, и бидејќи скриеното значење на филмот е набиено со интензивна сексуалност, тој или таа, гледајќи го, и самите не знаатзошто би можеле да се соблазнат.* Истовремено, додека гледачот субјективно го доживува филмот, тој или таа се потчинуваат на творецот на филмот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Овој вид гледиште, општо речено. е фрегеовски; тој се сведува на исказот дека она што на изразите им дава смисла го трансцендира тоа што за нивната употреба го знаат говорниците.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Фрегеовската идеја може да се изложи на следниот начин: со цел смислата на изразите да им биде јавно достапна на сите говорници на јазикот, тие мораат да бидат определени, и според тоа, не можат да се состојат во она што индивидуалните говорници субјективно го подразбираат под нив.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)