стручно (прил.) - образование (имн.)

Имено, приоритет за издавање на нови работни дозволи имаат: а) странците на кои веќе им е издадена работна дозвола, без оглед на состојбата и условите на пазарот на трудот; б) членовите на потесното семејство на македонските државјани и на странците кои поседуваат дозвола за престој во РМ и в) странците кои имаат стекнато стручно образование во областа на работни места за кои има недостиг на работници (чл. 6, ЗВРС).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Дванаесет години подоцна, со носењето на новиот ЗРО (2005), кај работниот однос со приправници или „чираци“ (термин кој, со право, се чини надминат, а симптоматично е тоа што за прв пат се среќава во ЗРО/05!?) – односно, со лице кое прв пат започнува да врши работи соодветни за видот и степенот на своето стручно образование и кое професионално треба да се оспособи за самостојно вршење на работата – приправничкиот стаж си остана на најмногу 17 една година, ако со закон не е поинаку определено.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Самата од бедна фамилија, порастена во мало шумадиско место, знаеше за сите тешкотии и понижувања на женските, деца кои немаа можност да добијат стручно образование: да се оспособат за шивачки, плетачки, везилки...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
При тоа, работодавецот ќе го одреди бројот, видот и степенот на стручно образование на стручните лица (чл. 18, ЗБЗР), а министерот за труд и социјална политика е надлежен, со правилник, да ги утврдува условите кои треба да ги исполни стручното лице и при тоа треба да полага стручен испит за безбедност и здравје при работа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)