строго (прил.) - доверлив (прид.)

Со ширењето на информациите - било да се работи за корпорациски планови или строго доверливи владини операции - тие веруваат дека можат да го спроведат овој нов техноестаблишмент почнувајќи со бенигни социо-политички чувари способни за запирање на глобални операции, до анархисти кои се одмаздуваат поради масовната алчност со пустошење во компјутерските системи - или електронски терористи, подготвени, желни и способни да се осигураат од непријателите со едноставно блокирање на системот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Сепак се пишуваа строго доверливи извештаи врз основа на честите тајни доставки за антикласниот сојуз помеѓу Чанга и татко ми, за интелектуалецот и козарот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нашиот човек мојата наредба ја изврши во целост поради што Ви ја испраќам оваа строго доверлива информација и Ве известувам дека сè друго овде е во најголем ред, особено сега кога непосредната опасност е отстранета. Потпис: Тиле Петропулос. ***
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)