строго (прил.) - кон (предл.)

Кога се развидели, луѓето тргнаа кон црквата, но попот ги пречека чудно: не ги правеше оние вообичаени движења пред да започне со богослужбата: ставање петраил, земање кадилницата, стоење извесно време свртен со грб кон народот, а потоа со лицето, ставање молитвеникот на сталката, отворање на книгата, прекрстување и започнување со читање - туку застана пред олтарот загледан строго кон луѓето како судија во судница и почна луто:
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Погледна строго кон П.П. и му даде знак да започне. Х.Х. најпосле се смири. А.А. молчеше.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А.А. повторно ме прекина, овој пат менувајќи го изразот на лицето, станувајќи гневен: - Јасно е каде целиш – извикувајќи гласно, гледајќи натаму строго кон мене, па погледот го упати кон Х.Х. и четворицата непознати, кои го одобруваа кимајќи со главите како по команда.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)