срдечно (прил.) - го (зам.)

— Презимуа ли бре, брат Толе? — срдечно го дочека попот и му ги изнесе неговите комитски алишта, пушката, пиштолот и дулбијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како што се надеваше, таму наиде на стопанот кој го препозна авторот и срдечно го поздрави.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
— Арно си поминаме и ние, бериќатверсан. Тука се, кај стоката на колибата — му одговори попот задоволен што му услужи на Толета и со тоа го покаја оној грев од Маргара.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Забрзано чекорев и срдечно го прегрнав.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кога се исилува пред решителната акција одново да оди таму, командантот на местото му зборува како се надева дека наскоро лично ќе го покани во новиот базен на локалната бања во која термалните води имаат потврдена лековитост, срдечно го тупка по рамото и се смее со полните заруменети образи што откриваат страстен пијач, додавајќи дека, дури тоа нему и да не му е потребно, особено со оглед на претстојната работа, добро ќе му дојде малку релаксација.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)