сосема (прил.) - тивко (прил.)

Гледаш и сам Леме, рече сосема тивко, гледаш како мачно се живее, никому не му е добро, синко.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кате беше поодмерена: штом дојде нарачката, таа ја зеде чашата на Боге и му ја отпи пената од пивото; поправо, му ја исшмрка, ама сосема тивко, и му ја врати чашата, исто така сосема природно.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Двајцата ги имаа потпрено лактите на масата, образите ги имаа спуштено во дланките, се гледаа лице в лице, одблизу, и зборуваа сосема тивко: „Јани ми беше сè,“ рече Софија, ги спушти рацете на масата и се врати наназад, потпирајќи се на столот тапациран со зелено кадифе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
-Ти...не знаеш...дека...сееш..., - со испрекинати гласови сосема тивко, му врати старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Од тоа првин почнаа сосема тивко да му потреперуваат мускулите на натколениците, за потоа тој трепет да почне да се всадува во неговите дамари и, па колку и да си го криеш и од себе си тоа, ова старче Језекил, сепак, она секогаш испливуваше во бледилото на неговото лице, при секој опорит и скочанет чекор, при секое движење, врзано од невидливите јамкишта и јазли на страот, кои го обраснуваа, обраснуваа и така прежилуваа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По малку, сосема тивко, како да вардеше да не разбуди некого, Претседателот го затинаше со некаков партал скршеното окно и едвај чујно шепотеше нешто.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги погледнав останатите, но никој не гледаше во мене; сосема тивко си разговараа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Нејзиното бучење сосема тивко допираше до нивните уши.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)