сосема (прил.) - спротивно (прил.)

Исто такво уверување сретнуваме во српскиот весник „Јавност“: „Ние сакаме да ги увериме нашите браќа Бугари, пишува веникот, дека српското општествено мислење е сосема спротивно на лудите и донкихотовски уверувања на Милоша Милоевиќа и неговата компанија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Меѓутоа, јас претпоставувам постапував сосема спротивно од очекуваното, што на нивните лица остави збунувачки насмевки како последица од впечатокот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сфатив дека сум имала право што не излегов да го гледам тој циркус кој што Лима и Ило го третираа сосема спротивно, како знак дека треба да си останам токму таму каде што сум.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Низ честите разговори на таа тема дотогаш Ема правеше сè да ја задржи Илона во Центарот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во краткиот разговор, Шефот на Ема ѝ даде конкретни и прецизни инструкции, според кои таа требаше да ја наведе Илона на нешто што беше сосема спротивно на дотогашното инсистирање на полицајката.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сега од нив треба да побара нешто сосема спротивно од она што го бараше пред десет години.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И кај љубовните врски, се чини дека нашето право на избор не постои, или барем не постои на некое свесно ниво – понекогаш се заљубуваме и сосема спротивно на она што ни го кажува разумот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Ќе биде сѐ добро, - рече толку тивко, што ѝ прозвуче сосема спротивно.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Оваа тајновита судбина, сосема спротивно, кога очи отвораш, станува легенда која танцува, оди без да запре, по стапките на незаборавот, како на почетокот, така и на крајот тука помеѓу, оди, без да подзастане во времето на искушението.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Култот на Јахве, според брат ми, меѓу Евреите го раширил мадијамскиот овчар кој имал исто име како и египетскиот водач - Мојсеј; но овој, вториот Мојсеј, под чие водство еврејскиот народ ја освоил земјата хананска, проповедал Бог кој бил потполна спротивност на Атон: Јахве бил обожуван од арабиското племе Мадијамци како „страшен, крволочен демон кој се појавува ноќе, додека избегнувал дневна светлина“; „суровиот, тесноград, локален Бог, насилен и крвожеден, им ветувал на своите поклоници земја ‘во која тече млеко и мед’, ги повикувал да ги истребат ‘со оштрицата на мечот’ нејзините тогашни жители”, сосема спротивно од проповедите на египетскиот Мојсеј кој на Евреите им дал “поинаква, продуховена претстава за Бог, идеја за едно единствено божество кое го опфаќа сиот свет, божество кое е исполнето со љубов подеднакво колку што е исполнето со моќ, и кое на луѓето како највисока цел им го поставувало животот во вистина и праведност”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Иако “египетскиот Мојсеј никогаш не бил во Кадис ниту пак го слушнал името Јахве, а мадијамскиот Мојсеј никогаш не бил во Египет ниту пак знаел нешто за Атон”, тие останале запомнети како еден човек, затоа што “Мојсеевата религија ја познаваме во нејзиниот конечен облик, во каков што, да речеме осумстотини години по Ишодот, ја фиксирало еврејското свештенство”, а во тоа време двата Мојсеја веќе биле соединети во еден единствен лик, и Атон и Јахве во еден единствен Бог, во самиот себе различен онака како што се различни денот и ноќта, токму затоа што се два бога во еден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Проповедаше артифициелност а правеше нешто сосема спротивно.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А. Денет: Имаше ли елемент на провокативен дендизам кога првпат започнавте да работите како тим, во голема мерка во опозиција на стилот на она време?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Како што наведуваат повеќе критичари, глобализацијата50 не резултираше со детериторијализација (како што би се очекувало), ами сосема спротивно, со повторна територијализација на економскиот простор.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сепак, истовремено, насекаде низ светот се сретнуваме со бројни примери на меѓународни граници кои стануваат сè поцврсти и понепробојни.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)