сосема (прил.) - спокојно (прил.)

Филозофот гледаше сосема спокојно во отец Стефан и рече: „Еден е Господ и семожен е Господ Бог Седржителот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Филозофот гледаше сосема спокојно во отец Стефан и повтори: „Еден е Бог, и Голем е, и Словото е во него, и тој е во Словото“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Личеше на девојка, на блудница вавилонска, жешка, оти и бојата ѝ беше таква, жешка, црвена; Филозофот ја допре со врвот на прстот и се насмеа, а Лествичникот ништо не сфаќаше, но јас знаев дека во тој миг Филозофот ја чувствува сета топлина на светлината, жарот на сонцето сето, врелината на плодницата, осилото на пајакот, жарот на најотровниот отров, оти отровот е лут, и гори, и во болка со него се насладуваш; сето тоа го знаев, и знаев дека Филозофот веќе следниот миг ќе помине со прстот по сите букви, од буквата Ж ќе почне, од средето на клопчето, и дека ќе им ја прочита топлината на буквите, бојата нивна, и дека тргнувајќи од средето, најрпвин ќе помине со прстот кон едниот, а потем кон другиот крај на клопчето, и дека потем сосема спокојно, како да не прочитал ништо, ќе се сврти со светлината кон ѕидовите на одајата, како да разгледува храм непознат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И така, еден ден, откако се вративме од еден состанок, тој ме праша, сосема спокојно, дали би сакала да му станам жена. Јас уште поспокојно му реков: „Мислам дека да“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Каде е жената што беше со него?“, и јас видов дека доаѓаат по мене, и сосема спокојно ги затворив очите, и потонав во некаков блажен мрак. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но госпоѓата рече сосема спокојно: „Знаете Лудвик, Луција спие. Јавете се некој друг ден. Дослушање“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)