сосема (прил.) - случајно (прил.)

(Cixous) Kristine Stilles убедливо ги спореди општествените и законски реакции на Destruction in Art Symposium (DIAS) одржан во Лондон (настапуваа Nitsch, Muhl и Brus) со оние за конференцијата Dialectics of Liberation која исто така во Лондон, десет месеци подоцна, ја организираа R.D. Laing i David Cooper (сосема случајно во времето на судењето на организаторите на DIAS: Gustav Metzger i John Sharkey): Текстуалната и излагачка егзегеза на учесниците на The Dialectics of Liberation не претставуваше никаква закана бидејќи им беше потчинета на неодредените, сентиментално идеалистички термини на ослободувањето, а таа терминологија соодветствува на авторитарниот, апстрактен, ограничен, одваган и остензивно објективен kTMd на академскиот дискурс.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Феминистичките писателки како Luc Irigaray и Helne Cixous повикуваат на авторизација на автобиографското односно субјективното: „Испишете се себеси. Вашето тело мора да се чуе.“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ова потсетување на несреќите во сообраќајот, меѓутоа, не е сосема случајно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Девојката, која едно пладне сосема случајно заталка во муабетот на четворицата стари другари, пред да папса од здодевнст, мигум осозна зошто на времето Фелини снимал такви филмови.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Колку згодни нозе имаше ќерка му на стопанот која севезден поттрчуваше кога се качуваше по мермерните скали на старата куќа во еврејското маало! (море, не ќе да поттрчуваше, таа беше ептен флегматична!?) И сѐ така, воздишки и исчудувања, колку извичници, толку прашалници.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Но Гого, сосема случајно, онака патем или под јазик, разбра дека токму тие биле против него, со образложение дека е толку темпераментен што е просто напросто неорганизиран, а како педагошки правилно ќе влијае врз децата, кои во начело, нели, треба да се подложуваат на дисциплина, па и на ликовната дисциплина; тоа се однесувало на практичната настава, а пак што се однесувало до теоретската, познато е дека односниот бил потпросечен по успех уште во своето школување, па секој незавршен студент по историја на уметноста би бил посоодветен од него.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Џозеф Монкур Марч (Joseph Moncure March), којшто, всушност сосема случајно, е првиот уредник на The New Yorker.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дискусииите водени околу проблемите при преведувањето се исто така водени на ниско ниво; студиите кои имаат „научен“ пристап кон оваа проблематика обично се индиосинкретични судови за сосема случајно одбрани преводи на делата на големите писатели како Хомер, Рилке, Бодлер или Шекспир.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Реков дека сум ја спасила сосема случајно; по сослушувањето кај Фисот, тој беше сменет; новиот директор ги беше исфрлил сите нешта од фиоката, вклучувајќи ја и песнарката; сосема случајно минував од кај канцеларијата и ја здогледав. Се наведнав и ја зедов, му реков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се обидуваше несреќникот да се измолкне од ѓолчето, (меѓувреме сигурно беше разбрал дека Кире е префрлен во кадровското на Републиката), од она обично ѓолче со плитка вода а всушност сѐ повеќе заглибуваше во една прилично длабока локва со кал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Добро, спомна неодамна, и тоа сосема случајно, некој чуден Старец што и се придружил во некоја далечна летна ноќ во близината на Моенци.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Пред малку, можеби сосема случајно (а можеби и не), твоето поранешно уверување дека другарот Ѓурчин ти е татко го нарече фама.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дека ти од поодамна си раскрстил со оваа заблуда?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Му подреков дека животот многу ги цени скривалките.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со слична цел (да обескуражи секое избрзано решение) беше и она мое укажување дека секогаш постојат и додатни опасности.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Самиот ги создава, реков, а потоа му ги препраќа на нашиот ум!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира, истово ова би го рекол и сега, само со други зборови и на поинаков начин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали би можел јас таквиот исказ да го протолкувам како твое уверување.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега тврдеше дека немал намера тоа да ми го рече; дури воопшто и не планирал да ми спомнува такви глупости, нему тоа што го рекол му се испуштило, и тоа сосема случајно; а потоа објаснуваше, објаснуваше...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, случајностите и однапред планираните намери сепак не одат заедно!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
"Некои најобични вистини, што зрачат со толкава убавина ги откриваме сосема случајно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Дури и во случаите кога ќе се земат предвид сите околности, многу често не се постигнува посакуваната цел“ додадов, за да го намалам учинокот на она што можеше да се сфати како насрчување а ми се беше лизнало од јазикот онака, сосема случајно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веројатно сум мислел дека станува збор за желби што се јавуваат сосема случајно без некоја намера или однапред одреден план.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На прашањево на иследникот одговорив делумно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира побрзав да му објаснам дека не сторил ништо лошо.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А можеби е сосема случајно, бидејќи тука во овој крај живее.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И на најголемите играчи сосема случајно кецот им испаѓа од ракавите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Најпосле еден од чиновниците, некаков си дури помошник на шеф на канцеларијата, веројатно за да покаже дека воопшто не се прави важен и дека се познава дури и со пониски од себе, рече: „Нека биде така, наместо Акакиј Акакиевич, јас ќе приредам забава и ве поканувам вечерва кај мене на чај: сосема случајно, денеска ми е именден“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еден ден, додека шетав по Калемегдан, сосема случајно погледот ми падна на еден светкав предмет во тревата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога по неколку дена повторно го облеков истото сако, ја напипав обетката во џебот, првин се изненадив од каде таа таму, а потоа наминав во „Милениумски базар“, кај златарот- јувелир, кој ми беше школски другар. – Од каде ти е ова чудо? – ме праша тој. – Го најдов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш, сосема случајно еден холандски пријател му испратил пробен каталог фонтови во кој го имало целиот Nobel.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Истата вечер, по давањето збор, не може да заспие од возбуда па излегува да се прошета низ парискиот латински кварт каде што влегува во едно бистро и сосема случајно го запознава младиот, сиромашен пејач Пол кој и самиот доаѓа од Америка и студира пеење во Париз.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Својот интелектуален содружник, Климент Камилски, овој Татко го наоѓа сосема случајно, во една партија покер (прекрасна метафора за балканските односи), и во него наоѓа силна потпора за својот животен, метафизички проект: да се изработи историја на падот на империите на Балканот, а причините да се најдат во јазичните супстанции.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Балканвавилонци, во таа смисла е една археологија на балканската лингвистика и историја, и во неа е вклучено навистина знаење колку една библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вие сте, сосема случајно, На големиот премин И, заплиснати од киселата насмевка на непоправливиот циник Лучијан Блага, Ги слушате чекорите на пророкот.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Секое совпаѓање со лица, настани и места од стварноста е сосема случајно“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Онака, сосема случајно, без никаква намера го реков ова.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Последниот пат, сосема случајно, долу, покрај морето, наиде на вистинска гатачка. Помисли: Господ ја пратил.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во таквите моменти, одамна имам забележано, зборовите се во состојба да го заобиколат својот вистински господар, дури и здравата мисла ќе ја заобиколат, и ќе бувнат сосема случајно на несоответно место.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не можев да се ослободам од чувството на виновност поради недоразбирањето што очигледно произлезе од моето сосема случајно поврзување на Јапонките со присуството на девојката в бело во претсобјето на вујко ми.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но беше рекол дека тоа го сторил сосема случајно и без некоја намера.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во неговата најнова книга, најпарадигматични во тој поглед се расказите „Утрото во ‘Ексцелзиор’“, „За малечките сложувалки“ и „Мравки“; во првиот, раскажувањето е во функција на самото сиже, вториот расказ е автопоетички (се работи за поетика на обичното, секојдневното, миговното), а третиот ги проникнува и поетиката на авторот и конкретното вообликување на сижето, нешто како созвучје меѓу теоријата и креацијата (со конкретна демонстрација на творечкиот чин, кој се раѓа од сосема случајно слушнат разговор).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
3. Градови Она што му дава препознатлив белег на творечкиот профил на Александар Прокопиев во целокупниот негов раскажувачки опус, тоа е своевидната опседнатост и безрезервната приврзаност за урбаниот сензибилитет.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Постојат такви нешта кои В.Зрновски никогаш не ги заборава - и таа како сосема случајно ја кладе дланката на мојата рака што лежеше на масата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како да не знам дека ти си ја пронашол и тоа сосема случајно на еден од бродовите што тргнале од Одеса“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се враќам на случајот со сајџијата. Сѐ започна сосема случајно.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Вечерва на езерскиот брег пелистерките молики ним им шумолат на француски нешто за топењето злато од жешките спомени, за воздишките по секоја прочитана книга и за заблазот што сосема случајно им го фрли еден поет среде нивната прошетка.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Те сретнав сосема случајно, тогаш кога не те барав ни во сонот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И ако некогаш во твојот сон, сониш расцутени зумбули, нека те потсетат на нашите пролетни утра, на нашето заедничко време, на нашите часови, во мирисот на зумбулите скриени.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тој почна да се искачува накај мене.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ми рече: А бре, нашите од кога се искачени зад ритчето, а јас останав да си земам мед, па брзав да одам на зборното место, сосема случајно поминував од оваа страна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)