сосема (прил.) - слободно (прил.)

Само што излезе од затвор, сосема слободно, без никој ни најмалку да му попречува, при изменети закони, Славејко замина за Порт Кембла.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, ова беше Игбал и нему можев сосема слободно да му го поставам тоа обично, а толку ретко употребувано прашање.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Го опфатила и неподвижноста на малото, кусоного, волнесто мече, со сите оние негови несмасни кружења околу стапицата, кое било физички сосема слободно и можело да замине понатаму, каде сака, или барем малку да отстапи од тоа колнато место, малку да се подисплаши од човекот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, веднаш потоа ластарестото тело просто се свитка под Змејковата рака, со која тој го присили пак да седне, притискајќи го надолу и држејќи ја в дланка сосема слободно исколчената клучна коска на неговото рамо под литата облека.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одеше тоа по неа, како да имаше под себе еден широк мост, сосема слободно, и Језекил, љубувајќи му се, просто сети како почнува да оздравува, но тоа траеше само додека момчето не беше стасало до средината на талпата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Реалист по природа, по сите негови согледувања и анализи, Еванс можел сосема слободно да заклучи дека и покрај желбата за обединување на Македонците во една независна и самостојна Македонија, што и тој им го посакувал да го остварат како нивно право, Македонија како таква „не може да егзистира“ и дека е тоа „непожелно“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Прагмата морала да не му даде простор на правото на Македонците за нивно обединување, пред сѐ затоа што на Еванс му биле познати ставовите на Грците спрема Македонците во Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но, бидејќи за Кејџ “Сѐ поминува”, тој е во состојба во една целина сосема слободно да ги спои најразнородните елементи на стварноста, бидејќи уметноста е тука само за да го придвижи доживувањето на процесот, и тоа во најопштите координати, заеднички за уметничките и животните процеси - во просторот и времето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Нашиот крал е недостатно облечен, тој, може да се рече, воопшто не е облечен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И меѓу другото, луѓето си го велеа тоа сосема слободно, никаква стража не ги одведуваше, па и воопшто, никаква стража немаше, не сметајќи ги тајните агенти.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)