сосема (прил.) - сигурно (прил.)

Неговите противречности можат да бидат противречности на доцно-капиталистичкото општество, но што и да им е причина, сосема сигурно се манифестираат во важниот (постмодерен) концепт за „присуство на минатото“. 6 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се чини дека овие два процеси е тешко да се раздвојат, иако е сосема сигурно дека дрогата сама по себе не е креатор, туку само поттикнувач.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Описите од нивните доживувања под дејство на дрога можат да бидат многу корисни за психологијата на креативноста, а на некој начин и за нив самите, како и за другите творци, но нивното творештво, по овие искуства, сосема сигурно не може да се смета за она што денес жаргонски се нарекува “dope” литература, којашто ја создаваат редовните уживатели на дрога кои се и уметнички надарени.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Проценувана со естетските мерки, рок музиката сосема сигурно има одредени вредности, кои се објективни, без оглед дали ја вреднува естетичар на музиката или лаик; исто така, што не е без значење, оваа музика, создадена под дејство на психоактивни дроги, подобро и побогато ја доживуваат оние коишто самите ги уживаат истите дроги. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 145
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Тоа е сосема сигурно - Лошо нам не може да ни се случи. Ако сакаш сметај го тоа за суеверие.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пак не ми е сосема засигурно, ама...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Рацете знаеја што да сторат. Се најдоа во тој миг со оној огромен нерез, со она грамадно ѕвере, какво што Змејко немаше видено ниеднаш во својот живот до тој ден, така заедно, што тој ниеднаш не знаеше да каже сосема сигурно кој од нив се покрена прв; дали прво тој ја повлече ногата од пушката, или пак самјакот отскокна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но она што било сосема сигурно тоа е сознанието во круговите на двете Влади дека конците во таа игра ги влечел СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Набрзо уследил падот на Франција и на другите европски држави, а британските аналитичари биле сосема во право, имајќи го предвид воениот потенцијал на Велика Британија, дека имало "малку надеж оти сега некако ќе можеме да влијаеме на балканските услови".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа сознание барало непосредна акција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Британските аналитичари сметале дека за нив ќе биде корисно ако го "потпалат Балканот", бидејќи било сосема сигурно дека ако Франција биде поразена, „а Балканот сè уште неутрален...“, ќе исчезнат и последните изгледи тој да се приклучи на страната на Британците.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Секако, тоа се точки вредни за внимание.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И сосема сигурно тие точки се поклопуваат со оние понапред наведените.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Понекогаш, Q.E.D., она што се го загубиле можеме повторно да го најдеме, иако сосема сигурно ќе го изгубиме пак, на овој или оној начин.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)