сосема (прил.) - сеедно (прил.)

” Го подигнав погледот од платното.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мислев дека сакаа само моден опис, но всушност ми беше сосема сеедно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Насетуваше страв во кој тој би бил пајакот а сите оние невидливи зборови за кои стрепеше дека некогаш некој ќе ги изговори или уште полошо, некој знае за нив иако не ги гледа, а тие знаат за тоа и стрпливо чекаат со чувство, дека им е сосема сеедно - порано или подоцна, дека тој сѐ позачестено се откриваше во пајажина за која никогаш и под ниеден услов не би можел да признае дека е негова, тој, од него.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Но нејзе ѝ беше сосема сеедно што мисли тој за неа или што им кажува на нејзините пријателки.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За него беше сосема сеедно дали шумава е на Северниот Пол или во Македонија – овој простор околу него му беше туѓ и тој посака во мигот кога се разбуди да се разбудеше во својата топла постела наместо во овој смрзнат марширен чекор.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Попот ги кадел момчињата со темјан додека црната брада страшно му штркнувала на сите страни, потоа првиот го поел со старо вино во кое настругал сив корен од линцура, а на другиот со капки маслинов зејтин во кои со години чувал пелин и рициново семе му извлекол од увото мртов црв или дрвеница или болва, сега е сосема сеедно синовите на бегот можеле пак да трчаат по полето и по стрмништата да вадат јајца од еребици.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Реков О. К., лежерно, божем мене ми е сосема сеедно дали ќе зборуваме на македонски или на англиски.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ова го кажа олеснително и мене ми се стори дека е задоволна што го пречекорила договореното време.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
-Ах- воздивна Мила – веќе сум казнета и сега мие сосема сеедно кога ќе се вратам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не ќе се најде ли некој, што ќе го пречека нанишан некоја вечер, без многу да му ја мисли што може да му се случи после, некој, кому ќе му биде и премногу стемнето пред очите, за да не може ни да се обѕрне на тоа; да му биде сосема сеедно тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа, оти го погоди, и тоа, што беше сигурен дека оној беше погоден, сега беше сосема сеедно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А и на судијата изгледа му беше сосема сеедно каков ќе биде неговиот одговор.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мошне веројатно, тие не се “амблеми” за политичко-социјалната сложеност на одреден период, туку за една сосема специфична психолошка состојба на безизлезност, за особениот страв, поточно, за уметникот кој го открил фантастичниот карактер на делириумот на соништата (во надреалистичка смисла), при што на самиот Десидерио веројатно му било сосема сеедно кој против кого војува.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тоа се слики на халуцинаторни катастрофи од соништата, речиси шикотимни ноќни кошмари.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)