сосема (прил.) - свесно (прил.)

Како болен од рак кој сè уште не чувствува болки, па сосема свесно го негира постоењето на болеста и се убедува дека лекарите згрешиле во дијагнозата, без да знае дека болката е само последната, конечната фаза на смртта која тој веќе ја живее.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Една мајка со ужаснување ја погледна неговата, кога тој, додуша сосема свесно, на двете кукли кои некој ги беше ставил во брачен кревет, како да се маж и жена, им додаде уште една, речиси андрогина, целата искубана и рамна, поставувајќи ја опчекорена над ’машкото’.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)