сосема (прил.) - ретко (прил.)

Вреди да се одбележи дека со оваа пресуда, и покрај ригорозните и репресивни законски мерки насочени против организирањето штрајк, се востанови еден одличен судски преседан дека „блокадите се суштина на синдикалното делување“ (зат. цит. – стр. 3).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овој луциден судија кој го водеше предметот, покажа одличен правен сенс (elegantia iuris) – што е сосема ретко од нашите партиски подобни судии, образовани во духот на бедниот и буквалистички правен позитивизам – кога заклучи дека прекинот на работата се случил спонтано поради незадоволството на вработените прогласени за технолошки вишок 49 кои со жив штит ги попречиле вагоните да тргнат од пероните на станицата и дека: „Не е јасно како може, без индивидуализација на делата на секој од тужителите посебно, тие да бидат казнети ‘во пакет’, и дали во конкретниот случај се работи за некој нов изум на ‘колективна одговорност’ кој тужениот се обидува да го примени во своето работење“!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Иако со таткото разговарал сосема ретко, оставен спалната и трпезаријата и по цел ден отсуствувал, враќајќи се само да преспие.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сепак, и покрај прифаќањето поуки од туѓи обиди и грешки, се случуваше, и тоа не сосема ретко, некој ноелемак да биде откриен.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Дури и татко ми сега сосема ретко помагаше во домашните работи, на кое таа го навикнуваше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Почнав да не излегувам, или да излегувам сосема ретко. Сега кај нив почна да расне бес.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зборува за неа сосема ретко.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А понекогаш, но сосема ретко, дозволува да се осветли и однадвор, за да биде видена и од другите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го знаев тоа штом окара. А сосема ретко пцуеше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)