сосема (прил.) - разбирливо (прил.)

Тоа во почетокот ми пречеше, но сфаќав дека не само што е неминовно, но и сосема разбирливо кога Вера за Ели, па и за сите нас, од првиот ден не беше ништо друго туку мајка, која пак ја врати топлината и угодноста на нашиот дом, ни помогна да се чувствуваме побезбедни, под закрила.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Паца копие од тој документ не сочувала бидејќи едноставно ѝ било важно нејзиното сопствено сочинение што е сосема разбирливо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
-Тоа е сосема разбирливо.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби и Таша имала намера да ти соопшти некои поединости или барем да те упати каде да го бараш одговорот на ова прашање, но не успеала да избере начин ниту момент па само заради тоа изостанал и одговорот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Причината поради која е добро да му се одолее на запаѓањето во конвенционални начини на размислување за родот, начини какви што постојано промовира родовата идеологија на нашето општество, е што инаку ќе бидеме склони да прифаќаме, без соодветно да ги разгледаме, многу невистинити претстави за жените и за мажите кои би ги сметале за крајно неодржливи кога не би се совпаѓале со поларизираните концепти на родот што ги зајакнува родовото стереотипизирање претставувајќи ги како чист здрав разум.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Конкретно, би се залетале, без многу-многу внимателно размислување, сите навики, практики, ставови или интереси што нашата култура ги дефинира како нешто немашко или како нешто што отстапува од конвенционалните норми на мажественоста да ги сметаме за „женствени“, без разлика дали имаат некаква врска со навиките, практиките, ставовите и интересите на некоја жена што навистина ја познаваме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таквото лековерно верување во вистинитоста на конвенционалните поимања е сосема разбирливо, особено кога се темели врз толку длабоко вкоренети и навидум неприкосновени идеологии како оние што се однесуваат на полот и на родот, но тоа истовремено е и немудро и крајно непотребно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На пример, Фелоус собира низа лични раскажувања што силно сведочат за степенот на страста на геј-мажите за естетско совршенство, за идеална убавина – појава што веќе ја забележавме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во поглед на рокот во кој инспекторот е овластен да врши инспек- ција кај работодавецот дојде до одредено, но сосема разбирливо нама- лување на овластувањата на инспекторот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Се разбира, и нашите двајца генерали поверувале дека би можеле да се најдат помеѓу тие среќници, но за жал немале никакви документи со кои би го докажале својот чин во руската војска, а Борис Степанович сосема разбирливо, одбил да им издаде уверение дека се генерали. Вистинита но и тажна приказна!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа би било сосема разбирливо бидејќи повисоко рангираните службеници секогаш имаат поголеми права, а едно од тие права веројатно е и овластувањето да донесуваат самостојни одлуки во случаи на неразрешливи проблеми и недоразбирања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Според нашите податоци, откако имате откриено дека на вашиот добродетел Чардаклија му е изречена и казна, вие се впуштате во проверка на утврдените факти, ги потхранувате луѓето од селото со некои свои вистини, а во прибирањето на податоците не ги заобиколувате ни најблиските на обвинетиот кои сосема разбирливо секогаш ја застапуваат страната на обвинетиот; со еден збор, вршите своја приватна истрага со противдржавна намера.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И, сосема разбирливо, и тројцата заклучиле дека можеби во ходниците на мравињакот се крие објаснувањето на чудниот сон.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)