сосема (прил.) - пристоен (прил.)

Татко ми е одамна починат (почина по два месеца откако заминав, затоа што не можеше да се соочи со тоа дека син му е циркузант), мајка ми почива до него од пред некоја година, а брат ми е сметководител во една мала фирма, неженет, и сосема пристојно заработува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ама, се загледам ли повнимателно и подетаљно, ужас ме фаќа!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ако му се насмеам, ќе ги покаже забите, бели и прилично правилно наредени во устата, ако го погледнам зачудено, ќе ги извие веѓите, густи и во правилен лак свиени над очите, ако се свртам во профил, можам да го видам носот, ни голем ни мал, ни чпрт, ни згрбавен, ни предолг ни прекраток, усните исто така правилни, немам што особено да им забележам на изгледот, а телото сосема пристојно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)