сосема (прил.) - поинаку (прил.)

Но ако при националното разбудување на Македонците имавме друг вид на политичката карта на Балканскиот Полуостров, тогаш Македонците ќе работеа сосема поинаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Иако е нагласена оваа информација, сепак многумина нема да согледаат како еден новоткриен детаљ од приватниот живот на Дишан може да има консеквенци во неговата уметност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Други пак, напротив, може да гледаат на работита сосема поинаку.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Гледано однадвор, овие “суштества” навистина изгледаат поинаку, сосема поинаку.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тој, кога сме на состанок, не зборува како што има обичај, дека мајка ми за сѐ е крива и тие негови глупости, туку сосема поинаку. Баш како што треба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Решив јавно да ја изложам мојата дилема: - Дали е добро што имате толку доверба во нас?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Впрочем, ние во Индија сосема поинаку од вас размислуваме за просторот и за времето, но за тоа ќе ти раскажувам некогаш другпат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мислеше на ловот, сега сосема поинаку, за миг губејќи ја од своите мисли сета таинственост, што ја имаше до вчера во односот кон него, а нешто што се изроди во сиот тој поминат ден во него, низ онаа проклета притивнатост во сѐ, што правеше со своите раце, и што мислеше со своите мисли, нешто како негов внатрешен отпор кон таа помиреност во неговите движења, го распалуваше во оваа квечерина и го правеше наострен и здивен за уште еден обид.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако таа беше со мене додека ги пишувам овие редови сево ова веројатно ќе излезеше сосема поинаку.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сега навистина сето тоа звучи сосема поинаку. Сега би знаела што да го прашам!?
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Значи овој ден во моето сеќавање многу долго ќе трае.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа, значи, сосема поинаку ја оцени моја опседнатост со спомнатата игра.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со грдите моменти е сосема поинаку.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А бидејќи не се заинтересира кого во играта го промовирав за татко сфатив дека за неа играва не претставува ништо посебно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Патем наиде на двајца осамени минувачи, кои го погледнаа и минаа покрај...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Старецот рамнодушно забележа дека луѓето веројатно го гледаат како тој да е човек, но тој нив ги гледа и разбира сосема поинаку.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На прашањето за нашата недоверба кон алтернативните светови можеме да одговориме и сосема поинаку.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тие, пак, го толкуваа плачот на С сосема поинаку: - Глеј го, се лигави зашто не успева да му закачи цицки на снешкото!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И на прашањето за нашата 132 okno.mk недоверба спрема алтернативните светови можеме да одговориме сосема поинаку.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Со фината загрепска девојка работата стои сосема поинаку.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Навечер е сосема поинаку.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)