сосема (прил.) - погрешно (прил.)

Или, кога ќе предизвикаат, конвенционалните присутни се збунуваат, бидејќи нивните општествени и дискурзивни очекувања – далеко од исполнети – се превртиле наопаку. ‌Всушност, тоа што дрег-кралиците ги прекршиле прагматичките конвенции на дискурзивното однесување што раководат со човечката интеракција во секојдневното општествено живеење толку ја збунило антропологинката лезбејка и толку ја потресло што таа остава простор (во цитираниот пасус) за можноста дека има грешка во нејзината забелешка – можност дека едноставно сѐ разбрала сосема погрешно и дека, можеби, како моине пријатели парижани во Ен Арбор, е жртва на некакво основно културно недоразбирање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ми се чини дека сосема погрешно сум ја искажала својата љубов – како потреба да направам сè што би им помогнало на моите најблиски, и во тоа покажував толку голема усрдност што вам ви изгледало принудно, дури насилнички.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Можеби јас сосема погрешно да размислувам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Не смееме да дозволоме да ги гледаме работите погрдно само зошто едно нешто е поразлично од другите или да претставува тешкотија да го прифатиме такво какво што е.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но убавината или грдосијата на некоја физичка појава е сосема погрешно ако и само помислите да го зачнете како секвенца во најбанален разговор.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Пиеја сосема погрешно – без мезе, само со цигари.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Има нешто што е сосема погрешно. Можеби во мене самиот!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)