сосема (прил.) - очигледно (прил.)

Беше сосема очигледно дека се подготвила за заминување, облечена во својот тажен капут со боја на јагоди и во едни одвратни чевли кои ѝ ги дадоа од сожалување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По пристапувањето на Романија и Бугарија кон Тројниот пакт во почетокот на 1941 година, било сосема очигледно дека балканските држави ќе бидат изложени на силен притисок од страна на нацистичка Германија за пристапување на Кралството Југославија кон Тројниот пакт.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
СССР со својот експанзионизам, а тоа било сосема очигледно, се наоѓал во предност наспрема Велика Британија, не водејќи сметка за британските интереси.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И покрај големата дипломатска активност од страна на Велика Британија да се убеди Југословенската влада на Кралството Југославија да не пристапи кон Тројниот пакт, германските "убедувања" биле поцврсти и поприфатливи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Се остави да го фатат. А тоа глупаво држење пред судот? Одрече сѐ, и то што е сосема очигледно и не може да се одрече.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Советските пипала полека но сигурно се стегале околу балканските земји, со исклучок на Грција и Турција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Немаа време ниту да седнат. Задушувајќи се во солзи, Марија му раскажа за бедата во болницата, за варваризмот на болничарките, за храната која како да е за кучиња, за бескрајните ноќи во кои не можеше да заспие од ужас.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)