сосема (прил.) - нормален (прил.)

Кај Ели, во нејзината уста тоа звучеше толку уверливо, сосема нормално - мајка ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Неколку минути се чувствуваше сосема нормално, освен што сега стана болно свесна за своето себе, за своето тело.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И, според тоа, сосема нормално било да се мисли дека востанието ќе се дигне тогаш кога ќе се создадат најнеопходните внатрешни услови, но кога ќе има и минимум надворешно-политички услови.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Јас не сум уште неатрактивна, но знаев дека не сум онаа Луција што бев, и тоа беше сосема нормално, оти јас, за разлика од Јан Лудвик живеев во светот во кој времето течеше, и сѐ беше предвидливо, дури и бавното доаѓање на староста.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Не си – одговори спокојно – ти си едно сосема нормално девојче, можеби малку пречувствително, ама никако лошо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И можеби малку одмаздољубиво, ама и тоа е нормално.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Присутните се однесуваа сосема нормално, дури и понормално од нашите викенд- фамилијарни седенки, сите удрија на гозбата, која по нашиот христијански обичај можеше да ги нахрани гладните во Африка.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
И сосема нормално, детето може да го одгледа само неговата мајка.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
За Хелвиг, сето тоа веројатно е сосема нормално.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Навистина, еден негов комшија се колнеше дека таа вечер го видел како во црвена пижама со бели цветчиња се шета низ градскиот парк, но јас самиот им потврдив на одговорните дека другарот Ѓорѓи до раните утрински часови беше кај мене, а потоа замина право во својот стан, се разбира облечен сосема нормално.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Од тие причини, тој сметал дека е неопходно и без многу двоумење „да им ги разјасниме на Русите нашите посебни интереси во Источниот Медитеран, а оттука и во Грција и Турција, воедно и нашите интереси каде било на Балканот“, но потенцирал дека „со секој преземен чекор“ Британците би морале да бидат „многу внимателни и да не оставиме импресија на директен предизвик“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според тоа, за него било сосема нормално дека ако Велика Британија има свој интерес на Балканот, тогаш и Русите го имаат истиот интерес, уште повеќе што тие, "на тие простори држат многу карти" во свои раце.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Оние што имале прилика да ги гледаат на дело, како со часови дењеноќе се бакрачат со бојата, раскажуваат дека во тие часови лудите се однесувале сосема нормално, човечки.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Секој од нив веднаш е примен, поголемиот дел добиле инекција, а сите се дијагностицирани како шизофреници.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој избра одреден број доброволци кои во психијатриските одделенија на одредени болници ќе речат дека имаат халуцинации, но дека во секоја друга смисла се однесуваат сосема нормално.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)