сосема (прил.) - непотребен (прил.)

Сабота Ноември Непотребно, сосема непотребно некаде од далечините, од обичните длабочини, доаѓаше животот како метафора на сè.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
И ден-денес се сеќавам на сѐ: на мирисот на нејзиното црно трико, во кое изгледаше величествено; се сеќавам дека трикото беше отворено токму кај стомакот, и јас за првпат во животот го видов папокот на Луција, нешто што потем ме прогонуваше цел живот и ми раѓаше сосема чудни и не сосем јасни телесни желби; се сеќавам на мирисот на нејзината коса, фатена во опашка што ѝ паѓаше речиси до половината (мирисаше на цимет), коса што додека ја поткревав ме галеше по лицето; се сеќавам и на полуиспотените раце со кои ме фати околу вратот кога доскокнуваше, што беше сосема непотребно движење од нејзина страна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеби и затоа му реков на Иван, божем со намера да му помогнам при неговото навлегување во светот на возрасните, дека непромисленоста не е секогаш најдобар сопатник, дека таа обично нѐ доведува во непланирани ситуации.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го советував него а всушност себеси се прекорував.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Утрото, додека заедно со Иван слегуваме кон Бањи дружев со тоа смешно и по малку чудно чувство, дека уште сум во расправа со љубовните згоди што минатата ноќ сосема непотребно ме одалечуваа од сонот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дека ми се причинувало оти сите негови зборови се со по многу нозе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еве, само ова му го пренесов, а потоа, за да обезбедам отстапница, се исклештив сосема непотребно додека објаснував дека сум имал впечаток оти зборовите на Ристе декоратерот ми се потсмеваа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Друс! Друс! потскокнуваше со обете нозе додека ги сместуваше градите на нивното место во блузата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А потоа сосема непотребно продолжи да објаснува дека на погребите одиме за да се изнаплачеме а на свадбите за да се изнаскокаме.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа внимателно следеше како мојот постар брат го фрла на рамињата сакото; како сосема непотребно прави уште еден круг околу големата маса во салонот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)