сосема (прил.) - неочекувано (прил.)

Еврејската клетва го стрефи сосема неочекувано, но тој барем го имаше искусено дното за разлика од татината галеница на транзицискиот арамија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Нештата не се предвидуваат. Кај Михаил Ренџов тие се појавуваат сосема неочекувано, но со сила на предвидена и направено.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
И замисли си, сосема неочекувано и подло, сите овие срамотилаци во врска со нејзиното решение Стојна ми го изнаприкажа откако цела една ноќ ѝ дозволив да ја искористува мојата машкост! (Ех да можеше природата да раскажува!) „Да знаеш, моме, оти оваа ноќ долго ќе ја паметам“, ѝ реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Додека го зборуваше ова тој се сврти кон мене, но бидејќи оддолжив со одговорот, Иван сосема неочекувано праша: „Дали можеше во ваше време да се случи раководството да му забрани на некој борец или граѓанин да ја продолжи веќе создадената врска со една жена?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
(Се разбира дека овие зборови што ги употребувам во моментов се мои. Не и на Ивана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вие разговарате со вашите размисли, и тоа негде длабоко во себе, а сосема неочекувано, можеби дури и од вратата во која ќе треба по малку време да влезете вие, се појавува жена со која се немате среќавано со години откако сте дојдени во градов, а еве сега, во последниве нколку денови, никако да ја откачите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога точно се паѓа роденденот на почитуваниот В. Зрновски.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Стоев збунет и раскрвавен; ништо не преземав (всушност знаев дека паниката нѐ прави невнимателни, а при вакви состојби невнимателноста е сестра на несреќите), а потоа, сосема неочекувано, како од некоја непресметлива далечина, се јави гласот на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ги отворив очите. Беше наведната над мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А потоа, сосема неочекувано, се појави во мене најбаналната претпоставка: мојот брат Виктор бара патека за да се упати. Но каде? И зошто?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)