сосема (прил.) - неочекуван (прил.)

Никој дури не ни тргнуваше во потрага по градскиот убиец, тоа им се чинеше неизбежно, дури и добро дојдено, дури и сосема неочекувано, дури и премногу за нив.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Татко немаше друг избор освен да го приврши своето искажување: - Почитувани судии, еве ме, навистина, со својата отоманска диплома, сосема неочекувано, во овој социјалистички суд.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Потем, по една не лесна пауза, по еден благ премин изведен со молчење, сосема неочекувано се јави мојот посетител за кого веќе реков дека не би му го споменувал името.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Можеби ќе му помогнам да се смести!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа, сосема неочекувано повтори дека не е шега она што го рекол пред малку, дека постои можност да ја разјасни тајната.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Да зборуваме утре за тоа – реков – умни сме ние двајцата а притоа и сложни, решението нема да ни избега!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оној млад човек за кого никогаш и пред никого немам зборувано.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа, по малку време и сосема неочекувано насмевката му ја врати на лицето ведрината!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Зошто да ви создавам вам проблеми, кога мене ме чекаат моите? – рече сосема неочекувано.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Кога ќе ти затребам ти само викни Ведране!“ ми довикуваше тој со таков глас како да се нашол наеднаш во далечните далечини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби токму оттука, од ваквото разбирање на разногласијата што се надвикуваа во мене, беше поттикнато и она мое решение што сосема неочекувано му го соопштив на Ивана: дека можеби најумно ќе биде и јас да дојдам со него до градот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Да се надеваме - самиот се храбреше. –Затоа и решив да заминам. Најдобро утре!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„И мило ми е што ова помеѓу нас се случи токму овде, покрај Пребег.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Сфати дека за тебе сум само Ведран! - и почна лудо да се смее, но смеење за кое и самиот не се надевал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Претчувствувал дека тоа ќе се случи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа, додека разговаравме за летото што ближи кон крајот, неочекувано, збунувачки неочекувано за мене, Иван изјави дека низ некој чуден превез сомнението постојано се труди да му прикаже нешто како привид.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали сепак може да се случи, мојот син Иван, негде, сосема неочекувано да наиде на трага што ќе го доведе до сенката на човекот што помина низ моите ноќи како огнот на секавицата?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И замисли си, сосема неочекувано и подло, сите овие срамотилаци во врска со нејзиното решение Стојна ми го изнаприкажа откако цела една ноќ ѝ дозволив да ја искористува мојата машкост! (Ех да можеше природата да раскажува!) „Да знаеш, моме, оти оваа ноќ долго ќе ја паметам“, ѝ реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А предлогов ми истрча од устава! Што би се рекло: мигновено!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа непопустливо однесување на болката ја поддржуваше нејзината верба дека еден ден засекогаш ќе се ослободи од неа, верба која, исто така, се потпираше на тоа што болката сосема неочекувано се појавуваше и не ѝ оставаше долготрајни траги.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Постојат, се разбира, сличности меѓу овие системи, што не е сосема неочекувано, со оглед на ограничените можности за составување на систем за пишувана комуникација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Четврток Јули Најпосле дојдов до портите, до оние порти и тогаш сосема неочекувано љубовта дојде пред мене и рече: молчи, молчи несвестието нека зборува.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Дури и мажите од трупецот ќе се изненадеа кога тој, сосема неочекувано, ќе излезеше пред летната кујна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Токму во тие денови, сосема неочекувано, на широчинката зад Монополот, се појави Дафина Кочкова.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- - Роза најнапред ме погледна сериозно со мала сенка на зачуденост, а потоа сосема неочекувано, како да извира од нејзините очи, се појави насмевката.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На тој начин сосема неочекувано, помеѓу забелешките за обични делнични настани, какви што се на пример располовеното орево дрво на Колевци од некој погром по Илинден, и погребите на нивните соселани проследени од неговите лични забелешки, наеднаш ќе се појавеше и веста за наездата на сенките.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Стана и истрча од канцеларијата. Дури и сега верувам дека моите размислувања не даваа повод за неговото вакво однесување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Најпрвин, кога наближив, почна да си ги трие очите како да настојува да ги ослободи од некоја згусната темнина, или од привидение а потоа сосема неочекувано се нагрна со старата сива наметка на рамнодушност, дури и на отсутност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го имате веројатно почувствувано тој вид затскриеност: како кога се преправате дека не ја забележувате бубачката што ви лази по најчувствителното место на лицето само за да им го наметнете на присутните впечатокот за својата отсутност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Индивидуата иако со мало задоцнување сепак сфати дека не смее да ме пречекува застанат мирно, како што се пречекуваат големците.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А потоа, сосема неочекувано, се појави помеѓу нас тој лично, братучедот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И наеднаш сосема неочекувано дојде до промената.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со Катерина бевме втасани негде кон крајот на пораката Високиот глас на младите, всушност веќе навлегувавме во оној дел од написот во кој се спомнуваа и резултатите од зафатите на младите, и на нивните големи и високи цели со кои се ветуваа и големи преселби на сезоните, кога Катерина сосема неочекувано ги крена рацете од машината и ги пренесе на моето теме; постапуваше како да зема во рацете посакуван предмет но тоа го стори многу внимателно и со двете раце, како да се плаши дека ќе му ја повреди убавината и скапоценоста на предметот што го зема, ме сврти кон себеси и ми се загледа во очите: - Ете, тоа се вистинските зборови!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Роман Гигов Грофот сосема неочекувано ја прекина и оваа визита.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А всушност замина со еден циркус во кој учествуваа и други Руси.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но сосема неочекувано, без никаква најава, генералот Јенков исчезна од градот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но иако сега живееме на другата страна на светот, предмет на моите размислувања сѐ уште е променливиот, Советски свет чија приказна планирам на сите вас постојано да ви ја повторувам, повторно и повторно.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но сосема неочекувано тој универзум пропадна и се најдовме себеси како живееме во сосема различен свет.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Месечарењето на Ќ заврши сосема неочекувано, кога една вечер ја сони Земјата како топка сало што речиси не се врти.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)