сосема (прил.) - неверојатен (прил.)

Како што одминуваше времето, тој гнев, таа омраза од одбивањето на Луција да ме прими како прв, стана неподносливо бреме за мене, оти сепак се мешаше со преостанатото слатко вино на љубовта; со мене се случи нешто до ден-денес необјаснето, нешто сосема неверојатно: јас веќе не мислев на телото на Луција; не мислев ни на нејзините гради, ниту на нејзините колкови, ниту на нејзините бедра, а најмалку на просторот меѓу нејзините нозе, таа клучалница со непознат за мене запис; со ноќи го сонував само папокот на Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)