сосема (прил.) - надвор (прил.)

III. Се разбира, знаеше дека способноста на Учителот да проштава е сосема надвор од човечкото сфаќање на прошката.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Лесно ја најдоа. Фабриката. Беше сосема надвор од градот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Оној што потпишува не го гледа тоа прераснување на „јас“ во „ние“, оти тој пред себе го има само својот формулар, па помислата дека истиот текст егзистира истовремено и со друг потпис му е сосема надвор од „видното поле“; во таа „стеснета“ перцепција и редукција на она општо „јас“ на сопственото „јас“, со име и презиме, се состои трикот на владеењето на власта со индивидуата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не сум сосема надвор од нешто?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ова вовлекување што го прави Ренџов во овој ороводен танц на чиј почеток е тој самиот, а ние само го следиме зацртаниот од, шема, се сосема видливите и намерни вклучувања на севкупноста, на совршенството што постои некаде сосема надвор од дофатот на овој разигран збир.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)