сосема (прил.) - блиску (прил.)

Нели таа живеела сосема блиску.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А сепак, сосема осмислена среќа дека еден нов свет ѝ се открил сосема природно, сосема блиску, сосема некомплицирано и лесно, таму, на неговите усни, во неговата дланка и на неговите гради.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Можеше да има разлика само од неколку прста растојание од она место, каде што имаше погодено тој во телото на огромниот див ѕвер, до местото каде што било потребно да се погоди; можеше да се види дека тој бил сосема блиску до тоа место, уште со првиот истрел, иако не изнајде ништо особено за другите два истрела.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ додека не надојдоа сосема блиску прерд него, така за да можат да им бидат видени и нивните остри муцки, и нивните опашки, издолжени зад нив и секоја од нив како прекршена во својата средина од гладот и од мршавоста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Матвеј Николаевич стоеше бос, наведнат над заспаната ќерка; неговото лице беше вкочането сосема блиску до градите на Наташа; на Вадим му се причини дека тој мошне смрдливо и чкрипаво мласка.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Пред зори, слушајќи шушкање, Вадим се разбуди.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Можеби беше и насмевнат, но мене ми беше оневозможено дури ни да го забележам тоа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За несреќа, преносувачот на ова зло беше овде, се наоѓаше сосема блиску, во ходникот што води во мојата канцеларија, но истовремено беше и негде далеку, незабележлив, затскриен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Чекорите беа сосема блиску.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Седнав крај него, сосема блиску од неговата десна страна.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Беше мошне тешко да се следи неговиот говор.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Гласот му звучеше грубо и напукнато, со придушени празнини.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повремено мораше да повторува иста реченица неколку пати пред да успеам да ја разберам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)