сосема (прил.) - близу (прил.)

Само тие, кои се сосема близу до него, во неговите очи забележаа отсјај на пцости.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Така, тоа чувство дека еве го крајот, тој е тука, сосема близу е, само привид е за неупатените, ние занемените пред можностите што ни ги испишува поетот на својата „табула раза“ што си ја држи скришно пред секое ново вгледување во неа, врз неа за ново испишување.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Сега е вистински миг да ја бакнам Ева Шајбер, но токму кога се веднам над неа, таа ги отвора очите, бргу седнува на креветот, со собрани колена, и сосема близу до моето лице, ми вика: - Ајде да си играме историја!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Следното утро, додека на прозорецот, над борот, ги слушам, сосема близу магичните зборови: - Dette er meg, svarte qut, seg har en gave for deg!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И уште шеесет сантиметри потоа остануваат.. . па тој е близу, сосема близу.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бавно го подигав погледот – торзото над стаклената витрина беше малку подгрбавено, затскриено од шаката што лежеше на масата сосема близу ковчеста, темножолтеникава, со фини влакна по долгнавестите прсти.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во последно време тој често се подсмеваше на нашата слепа послушност кон задолжителните патокази на стварноста. – На сите ни е неопходна нотичка позитивна лудост – ми рече, а потоа ја испразни својата трета чаша црно – Ми се чини дека јас сум веќе сосема близу.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ајде, помогни ми да сфатам што размислуваше. Како си ја замислуваше акцијата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа и уследи онаа отровна забелешка: -Белки не мислиш дека можам да ти верувам оти пред продавницата си се нашол случајно и тоа токму во моментот кога девојката излегувала, и дека во тој момент ти се родила идејата да и пријдеш и да и го соопштиш големото откритие дека таа ти е сестра, или нешто сосема близу до тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност таквата помисла и не е толку страшна: Си посакал значи да и го соопштиш она што те копкало, што ти било врежано во мислите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сум познавал бедници и безработни и стотици, тука, сегде на светот, луѓе кои биле сосема близу до клошарското...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Еднаш една ноќ после долгото патување по разбрануваното море на љубовната авантура ја прашав Катерина, (навистина ја прашав); ѝ реков: „Ти ако беше Ева, замисли си ти ако беше онаа дамнешна пра пра убавица Ева, и ако знаеше дека она што го вложуваш во безграничната игра на нашите тела ќе биде причина да нè избркаат од Рајот, дали ќе се откажеше од играта!“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ќе останам дури и сосема рамнодушен; се разбира во случај тие одговори да не бидат придружени со оние допири на аглите на нејзините усни што зачудувачки вознемируваат и речиси ме присилуваат да верувам дека сум сосема близу до проѕирните превези на првиот грев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)