сосема (прил.) - бавно (прил.)

Се одлачуваа од ноќта сосема тешко, црни и бездомни како неа, искрснуваа заглувнати, чиниш некакви притулени далечни искрења во таа темница, за потоа да почнат да се приближуваат, сосема бавно, токму онака како што беше потребно, за да се заборави на сѐ друго, освен на тоа нивно наидување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Човекот тргнува по патот, прави десетина чекори и се враќа назад, сосема бавно чекори и застанува за да ги спои во едно влегувањето и излегувањето од ова парче изделено од светот, а тоа очигледно тешко му оди и пак седнува на клупата гледајќи во долгиот пат обрастен од двете страни со перуники, џунџулиња и шебој.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Водата сосема бавно се премрежи и пак се потона во камено смирување.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
И тој потем, сосема бавно, театрално, ја извади од својата фиока мојата песнарка на маса; на очите ми навреа солзи: делото на моите раце, единствениот примерок на мојата душа, оригиналот што ѝ го подарив на мојата Луција, сега се наоѓаше во влакнестите раце на Фискултурецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но сигурно не за да си помогне да се присети што треба да стори и кои беа случаите што треба да се дообјаснат?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И сега, сосема бавно, ја крева десната рака кон слепоочницата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Глупости! Глупости! Зарем смее во вакви случаи и да се помислува на тоа дали иследникот смее да си ја искористи раката за обично почешување додека смислува со кое прашање да го започне овој ноќен ден?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)