сосема (прил.) - тих (прид.)

А Даскалов и Боге од Бањи чекорат зад колата, но нивниот разговор е сосема тих. Тих но многу сериозен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Беше еден сосема тих глас, а по него еден длабок одглас на нешто како далечен истрел, кој потоа како да се повтори од поблиску, а низ сето тоа, едвај дофатливо за слухот, се носеа последните одзвуци од нешто, што не беше ни писок ни волчешко завивање, а тој во таа своја потонатост можеше уште да помисли дека вака може да се разреси во своите последни одзиви само човечкиот вик.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знам дека разговараат за погребот иако ниту збор не втасува до мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)