сосема (прил.) - сличен (прид.)

Без оглед на големата приврзаност, овие ретки пријатели не беа сосема слични меѓу себе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Иако кај мене сигурно има една мерка на одважност, сепак не ќе да сум му сосема сличен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Логиката на parergon, како што гледаме, е сосема слична на логиката на суплементот, кадешто рабното станува средишно токму на темелите на својата рабност (страничност, маргиналност).
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но таа измислица е толку глупа, и истовремено, гнасна и непристојна, што јас дури сметам дека не е потребно таа да се опровргне пред просветените читатели, на кои, без сомневање, им е познато дека само вештерките, и тоа, мошне малубројни, имаат опашка одзади, а кои, впрочем, повеќе му припаѓаат на женскиот, отколку на машкиот пол.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)