сосема (прил.) - редок (прид.)

ЛУКОВ: Сега е доцна. Минувачите околу тој агол се сосема ретки, може некој од неговите луѓе да Ве забележи.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Било некако време за икиндија, молитва во предвечерните часови, и се спуштале над нив, сами и изгубени на плитка вододерина, мраќава и есенски дожд, и веќе се стемнило, а Турчинот, во тишината со сосема ретки истрели, го заборавил својот алах: стиска нож и лази кон слепиот проклетник, ќе го коле, ќе ја одмаздува верата и честа на Империјата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Има сосема ретки детаљи, видливи само на големите мајстори, како моментот кога билкот бегајќи низ прозорецот „летна врз ѕидот преполовен на средина“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сосема ретки се вонвременските сонови И нема вонвременски аршини Со кои да се мерат и да се толкуваат сните А секое толкување на секој сон Треба да се прави со многу дикат
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
И почитуваниот Богдан Јанков имаше еден таков свој континент, делче на светот што само нему му припаѓа и за него е непроменлив: ја одржува мекоста за нечујно чекорење меѓу проѕирни габери, бресилки и дабови, и за негово лежење, детски, ничкум, со чело на синкав мов, под јата златоперки, или жолтавки, или саријасми, како што одамна со туѓ јазик се викале денес се сосема ретките и скоро заборавени преселни птици, по боја и по необичност блиски, поточно слични на парче сонце.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Така нашите интимни разговори станаа сосема ретки.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)