сосема (прил.) - подруг (прид.)

Причината беше сосема подруга.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во мојот живот, како да ја наследив татковата и семејна судбина на егзилските парадокси, кои секогаш на животот му даваа сосема подруга смисла и го поставуваат во некакво неразбирливо и апсурдно наттрчување со неумоливата историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сега не беше младич, но она ластарестото сѐ уште ја оптегнуваше неговата тенка, пегава става во излитена англиска блуза со боја на пожолтени дабови лисја, а Змејко немаше време да направи ниеден чекор кон таму, кога оној веќе стоеше до него, во средината на таа група крај колите и тие си ги тресеа рацете еден на друг со онаа наеднаш повторно родена жестокост, која сѐ повеќе растеше и стануваше пак дива и разврескана во нив, продолжувајќи сето време да се потчукнуваат по рамената, уште пожестоко, а денот дури сега навлезе во неговите очи и го заслепи, просто го исполни сиот, така што тој сега речиси сети како е тесен во себе за да го прими тој убав планински ден наоколу, додека некој од селаните крај него рече: „Змејко е печен, вечер се запишува в Задруга“, а тоа сега воопшто не беше важно, беше толку далечно од него, како да било во еден сосема подруг живот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но јас ја сакав Ина на еден поинаков, сосема подруг начин од Луција: ја сакав како мој спасител.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Беше повеќе игра на посакуваните симболи отколку на текот на реалноста која не беше толку идилична колку што се посакуваше...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја имав среќата во животот да се најдам под сенката на неколку такви личности на Франција, кои му даваа една сосема подруга смисла на мојот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)