сосема (прил.) - отсутен (прид.)

Околу нив постојано протрчуваше сниското слабо човече Крсто, еден од деградираните командири на партизанската војска, и го раскажуваше по којзнае кој пат оној случај кога тој божем имал храброст да го изведе својот вод пред бригадата и да изјави со полн глас дека одбива да замине со борците на Сремски фронт.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се чинеше сосема отсутен и за разговорот помеѓу тројцата првоборци: Мајката, Чауле и Овчарот кои се послужуваа стоејќи,покрај џамлакот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога бев со него пред телевизорот, забележував дека е сосема отсутен и дека, всушност, неговиот поглед од зад мене вкосо лежи на моето рамо и на мојот профил.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
МАЈМУНЧЕТО ГО БАРА СВОЈОТ ТАТКО Еден шумар со бавни чекори одеше низ шумата, замислен и сосема отсутен.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)